Top
majka-bebe

Пријателки кои се избегнуваат кога ќе станете мајка

Дефинитивно пријателките се најважниот дел во животот, а тоа е вистина сѐ додека не станете мајка. Треба да сте свесни дека како мајка ќе почнете да избегнувате дел од пријателките, не поради немање време, туку поради тоа што многу ви мудруваат. Едноставно, нема да сакате да бидите во друштво на луѓе кои ве полнат со негативна енергија.

Кога ќе станете мајка нема да имате желба да бидете со следните видови на пријателки!

Пријателка која знае сѐ
Таа не е ниту мајка, а ви потенцира дека мора да доите, дека мора да ставате широк појас, да давате само одреден тип на храна… Секако дека ќе ја избегнувате, имате потполно право на тоа!

Пријателката која секогаш е на диета
Иако е дваесет килограми послаба од вас таа се гледа и нарекува себеси дебела и тоа пред вас.

Пријателка која е дежурен судија
Таа само ве осудува за вашите постапки и начин на воспитување. Дели совети кои воопшто не ги применува. Ваква пријателка, искрено, не ни ви треба!

Пријателка која постојано се жали од партнерот
Таа само приговара. Очекува да заземете нејзина страна, инаку се лути. Не дозволувајте нејзината негативност да влијае на вас.

Пријателка чие дете е агресивно
Нормално дека ќе ја избегнувате бидејќи не сакате вашето дете без причина да биде малтертирано.

Себична пријателка
Таа сака да ја ислушате, но не и да ве ислуша. Бара да и помогнете, а кога вам ви треба помош, никаде ја нема. Бегајте од ваквиот тип на жена што подалеку.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>