Top
Zhena-plache-iLike-mk

Кога мажите гледаат женски солзи

Повеќето мажи се „слаби“ на женски солзи, а секогаш се поставувало прашањето зошто тие придонесуваат за многу поинакво однесување кај мажите.

Жената која плаче, не може да предизвика страст кај мажите. Тоа е така не само поради емоциите, туку и поради хемиската реакција на солзите како резултат на која жените не изгледаат привлечно.

Мажите тоа не го разбираат свесно, но погледот на женските солзи ја гаси возбудата кај нив и поттикнува чувство на тага. Во едно истражување кое опфатило 20 мажи и 20 жени, една група не жени навистина плачеле, а на другите им била ставена солена вода. И покрај тоа што мажите не знаеле за лажните солзи, тие реагирале само на оние вистинските. Во друштво на жени кои навистина плачеле, во нивното тело се намалува нивото на тестостерот и исчезнува возбудата, но не и сочувството.

Поради намаленото ниво на тестостерон кога ќе видат женски солзи тие се понежни кон нив, а во таквите моменти тоа ѝ е потребно на секоја жена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>