Некои нешта не можете да ги промените, но треба да знаете како тие би влијаеле врз развивањетоа на вашата кариера. Верувале или не, според името, висината, косата може да дознаете дали ќе имате повисока функција на работното место.
Прочитајте ги интересните факти кои според тие параметри објаснуваат како всушност би влијаеле на вашата кариера.
ВАШЕТО ИМЕ
Анализа на членовите на Linked In покажала интересни факти за тоа како вашето име може да влијае на кариерата. Според тоа, постои поголема веројатост жената која има име составено од повеќе слогови да стане извршен директор.
ВАШАТА ВИСИНА
Повисоките жени околината ги перцепира како посилни и затоа постои поголема веројатност да бидат успешни. Исто така, преголемата висина може да делува застрашувачки.
ВАШАТА КОСА
По се изгледа дека жените кои имаат виткана и „дива“ коса, општеството полесно ги прифаќа на повисоки менаџерски функции. Но, сепак витканата коса скротете ја во некаква деловна фризура.
За постари жени можеби е подобро да имаат пократка фризура. Доколку имате долга коса, можеби на некој начин ќе емитирате несигурност или ќе изгледате постари отколку што сте. Тоа може да поттикне некаква дискриминација според годините. Затоа, наместо долгата коса, одберете некоја средна должина.
ВАШИТЕ ГОДИНИ
За жал, годините се важен фактор во развивањето на кариерата на една жена. Ако сте единствени од вашата генерација на работното место тоа може навистина да ви ги расипе можностите. Сепак, ако се обидувате да успеете, по се изгледа дека за некои работни места изгледот на постара и помудра деловна жена може многу да ви помогне.
ВАШАТА УБАВИНА
Таа навистина игра поголема улога во напредувањето на професионално поле, повеќе отколку што мислите. Жените кои околината ги доживува како попривлечни, на некој начин полесно напредуваат во работата. Внимавајте, пренагласената убавина и привлечност можат да не ви бидат од полза.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!