Top
devojka-koja-place

Поучна приказна: “Не си ја отворај душата пред секого!”

Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.

- Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и сѐ е толку неправедно и навредливо. Посоветувајте ме што да направам!

Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол:
– Соблечи се гола и прошетај така низ градот!

- Полудевте ли?! – одговорила девојката.

– Ете гледаш! – се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Еве земи на пример, погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и постојано ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат нивните пупки, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето, но прави го тоа бавно и неприметно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>