Top
solzi

Плачењето е здраво

Експертите велат дека луѓето кои плачат често помалку имаат здравствени проблеми и живеат подолго. Голем број луѓе плачат на тажни приказни во филмовите, на песни во чии зборови се пронаоѓаат себеси, на нечии тажни животни приказни. Иако таквите луѓе често се изложени на потсмев, бројни студии покажуваат дека плачењето помага во зачувување на физичкото и менталното здравје. Солзите ги чуваат очите од дехидрација и штетни материи кои доаѓаат во близина на очите, а тоа е нивната примарна улога. Плачењето е идеален избор на лек за стрес, бидејќи овозможува опуштање од секојдневните притисоци на кои сме изложени во животната средина. Овој процес буквално претставува вентил кој ги пропушта негативните емоции и овозможува олеснување на психата. Научно е докажано дека оние кои не можат да се воздржат од плачење ги намалуваат штетните ефекти на стресот. Наспроти нив, оние кои ретко или речиси никогаш не плачат го зголемуваат нивото на стрес, кој поттикнува појава на чир, висок крвен притисок и проблеми со срцето.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *