Top
torta

Есенски навики поради кои качуваме по некој килограм

Завршувањето на летото и пониските температури носат опасност од зголемување на телесната тежина. Токму затоа, мора да се решите од одредени есенски навики поради кои качуваме по некој килограм плус.

  • Јадење потешка храна
    Свежото време поттикнува поголем апетит, па токму со доаѓањето на есента почнуваме да јадеме храна која сме ја избегнувале во текот на летото поради високите температури. Вкусните пити и тортите се само дел од богатата есенска трпеза која многу лесно може да ни донесе повеќе килограми. Секако дека може да си дозволите да уживате и во оваа храна, но сепак консумирајте умерено.
  • Помала активност
    Нормално дека во текот на летото сме поактивни, бидејќи поголем дел од времето го поминуваме надвор од дома. Честопати убавото време сме го користеле за прошетка, возење велосипед, трчање или ролање. Со започнувањето на есенските дождови сите тие активности се сведуваат на минимум. Но сепак, можете да практикувате вежбање во затворен простор, како на пример фитнес центар, аеробик, пилатес и слично.
  • Зголемен апетит
    Студеното време со себе носи и поголем апетит. Истиот расте пропорционално со падот на температурите, бидејќи храната е вид „гориво“ за организмот кој го загрева телото. Токму затоа, облекувајте се потопло и кога помеѓу оброците почувствувате глад, посегнете по здрави грицки.
  • Облеката ги прикрива недостатоците
    Докажано е дека жените во текот на летото водат поголема грижа за своето тело, за да изгледаат колку е можно подобро. Но, со падот на температурите сите ние носиме покомотна облека која ги прикрива сите недостатоци. Токму поради таа причина помалку внимаваме на стомакот и килограмите.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>