Психолозите предочуваат пет клучни сигнали по кои ќе познаете дали вашето момче или пријател е себичен или не. Внимателно прочитајте ги и проанализирајте го нивното однесување. Заклучокот мношне лесно ќе го изведете.
НЕ ЗНАЕ ДА СЛУША
Воопшто не посветува внимание на тоа што имате да му го кажете. Тотално е дефокусиран додека вие зборувате и едвај чека да завршите со зборување.
ЗБОРУВА САМО ЗА СЕБЕ
Себичниот маж во повеќето разговори ќе сака да зборува само и исклучиво за себе. Други работи не го интересираат, тој е најважен во целата приказна. A, не е ни реткост Вие за него да знаете баш сè, а тој за Вас речиси ништо.
СЕКОГАШ ДОЦНИ
Еднаш или два пати е во ред, но ако секогаш мора да го чекате 15 минути значи дека се обидува да биде многу важен. Мажот кој дозволува да го чекате е неодговорен.
ГО ПРАВИТЕ ОНА ШТО САМО ТОЈ САКА
Во врска треба да постои компромис, а ако го правите она што само тој го сака и истовремено го запоставувате она што вие го сакате, со време врската се претвора во своевидна диктатура.
СЕКСОТ Е САМО НЕГОВО ЗАДОВОЛСТВО
Вистинскиот маж ќе се почувствува прилично лошо ако дознае дека не ја задоволил жената во кревет, а на себичниот тоа воопшто не му е важно. Себичните мажи имаат една цел: да се задоволат себе си, а потоа сосема им е сеедно што вие чувствувате.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!