Top
love

Нешта на кои „паѓаат“ мажите

Има многу начини да заведете маж, но постојат нешта на кои никој од нив нема да одолее.

Говор на телото
Можеби не сте свесни, но држењето на телото многу зборува за жената. Оние кои одат исправено изгледаат послаби и повитки. Затоа кренете ја главата и исправете се, бидете горди на себе.

Насмевка полна со живот
Многу мажи се согласуваат дека нема ништо поубаво од насмеана жена. Ако зад убавите усни се кријат и убави заби, тоа е добитна комбинација. Затоа поуката е, насмевката на лице и светот е ваш.

Бојата на гласот
На мажите им се привлечни жени кои говорат тивко и подлабок. Tие сметаат дека таквите гласови се сензуални и привлечни. Исто така сметаат дека се убави оние жени кои знаат убаво да се смеат, а тоа значи не прегласно кикотење. Длабок глас и женствена насмевка се две оружја на кои мажите не можат да им оддолеат.

Заводничка коса
Уште оддамна е познато дека мажите преферираат долга коса, но и кратката коса може да биде убава. Важно е да е негувана и чиста. Мажите се склони кон жени кои знаат да ја зафрлат косата заводнички и кои во текот на разговорот лесно можат да поминат со прстите низ неа. За убава и заводничка коса доволно е одржување на редовна хигиена и посета на фризер. Научете да си играте со својата коса и нека ви постане најсилно заводничко оружје.

Самодоверба
Ништо од претходно наведеното не значи без самодовербата. Тоа не е некоја умисленост, ароганција туку самодовербата е кога знаете дека сте посебни со сите свои доблести и маани. Тоа зрачи на далечина. Затоа поуката е да научите да се сакате себе, бидејќи ништо не е посексапилно од самодовербата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>