Top
luti

Дали сте во љубовна врска која нема иднина?

Доколку обрнете внимание на одредени детали уште во почетокот на врската, можете да процените дали таа има иднина или не. Според Маргарет Пол, постојат неколку знаци кои откриваат со кого си имате работа, но и дали вие треба да промените нешто кај себе.

Препознајте го нарцисот со време
Доколку партнерот уште на самиот почеток на врската има силен настап и ви го кажува само она што сакате да го слушнете, можно е да имате врска со нарцис. Тој бара константно внимание и не прифаќа „не” како одговор. Овој тип на мажи уживат ловејќи ја својата партнерка, а веднаш штом „паднете“ на неговото додворување, тој губи интерес. Овие луѓе сметаат дека нивните мислења и искуства се најважни и со самото тоа ги омаловажуваат вашите. За нив е најважно да се покажат во добро светло, а за вашето мислење воопшто не се грижат. Многу сакаат да говорат за себе, што разговорот многу често се претвора во монолог.

Пропаднати врски и бракови
Луѓето најчесто за своите проблеми ги обвинуваат другите. Многу пропаднати врски и бракови се знак дека многу тешко одржуваат врска со некого. Ова однесување може да се однесува на некој што не е подготвен на компромис или прерано се предава.

Фрустрации од минатото
Постоењето на извесни проблеми во детството и односот каков што нашите родители го имале со нас го пренесуваме на врската. Вашиот партнер може да мисли дека е нормално своите фрустрации да ги пренесува на вас, како што тоа му го правеле и нему. Таквата врска може да претставува предизвик, а вам ви останува да одлучите на кој начин ќе се справите со тоа.

Ако не ја разбира вашата тага, нема да ја разбере ниту вашата радост
Уште една одлика на нарцисот е тоа што тој воопшто нема разбирање за туѓите проблеми и никогаш не сочуствува со другите луѓе. Доколку тој не ја чуствува вашата болка, нема да може да ја почуствува ниту вашата радост. Во таквата врска ќе се чувствувате осамено, особено затоа што со човекот кого го сакате не можете да споделите се што ве мачи.

Не е подготвен за одговорност
Партнерот кој ги напуштил своите деца не се грижи за никој друг, освен за себе и многу тешко се соочува со фактот дека некој зависи од него. Тој не сака одговорност, а решавањето на проблеми го препушта на другите.

Јас сум секогаш во право
Оние луѓе кои мислат дека се секогаш во право и не се согласуваат на компромис имаат проблем со одговорност. Тие воопшто не се отворени за разговор и не прифаќаат различни мислења поради што и секој обид за договор завршува со караница.

Луѓето тешко се менуваат
Врската со партнер кој има навики кои вие едноставно ги презирате е осудена на пропаст. Треба или да ги прифатите неговите несовршености или да се извлечете се на време. Навјважно е да запомните дека луѓето не може да ги промените, освен ако тие сами не сакаат.

Финансиска неодговорност
Со партнерот со кој делите пари или пак има долгови треба да бидете многу внимателни. Може да му предложите да живее со вас додека не се снајде, но тоа привремено, може да остане трајно. На крај вие ќе го финансирате работно способниот маж.

Верувајте им на своите инстинкти
Ако имате чувство дека не ви ја кажува целата вистина, верувајте им на своите инстикти. Немојте веднаш да го напаѓате, туку прво дозволете му да се изјасни. Кажете му дека сериозна врска се гради со доверба, а таа се заслужува со тек на времето.

Љубомора – контрола или љубов?
Љубомората навистина може да ја уништи врската. Ако вашиот партнер е љубоморен затоа што се дружите со пријателките или идете во теретана, тоа само ја покажува на неговата несигурност. Нему му е најважно да го контролира секој ваш потег.

Луѓе кои немаат хоби бараат многу од врската
Оние луѓе кои немаат хоби и немаат интерес за различни активности многу бараат од врската. Тие сакаат да бидат во центарот на внимание во светот на партнерот и воопшто не го поднесуваат фактот дека тој би можел да има богат и друштвен живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *