Top
Зошто есента е идеално годишно време за секс?

Зошто есента е идеално годишно време за секс?

Есента е годишно време кое изобилува со различни овошја, но и со секс. Всушност, истражувањето објавено во „Business Insider“ покажува дека есента е идеално годишно време за секс. Во есен, нивото на хормоните кај мажите и жените значително расте, а со тоа и сексуалната желба.

  • Не морате да облекувате дебели волнени чорапи кои никому не се секси,
  • Полека станува ладно, но сеуште немате уклучено грејни тела. Па, сексот може да биде совршена активност за да се загреете,
  • Жешкиот алкохолен пијалок од јаболка е моќен афродизијак. Ретко кој знае за ова,
  • Дали некогаш сте имале секс меѓу златни лисја во природа? Ако не, тогаш време е,
  • Во есен во секое парче облека кое го носите изгледате секси бидејќи умешно ги крие сите ваши недостатоци,
  • Соблекувањето е позабавно кога морате да соблечете повеќе парчиња облека,
  • Есента е идеална бидејќи не ви е ни ладно, ни топло, па не сте преоблечени и не се потите,
  • Порано се стемнува што значи дека порано можете да преземете акција,
  • Имате време и за утрински секс бидејќи се разденува покасно,
  • Психолозите велат дека есента е идеална за швалерски секс,
  • Во есен се случуваат голем број на спортски натпревари, па доколку вашиот тим загуби, сексот е одлична утеха,
  • Есента со себе носи и многу дожд, па оваа атмосфера е идеална да се затворите во топлиот дом и да се препуштите на жешките игри,
  • Есента е период на голем број прослави на кои има многу храна поради што ги накачуваме килограмите. Сексот е одлична активност со која ќе ги согорите вишокот на калории,
  • Дочекајте го својот партнер во неговиот омилен џемпер, но не носете ништо под него. Овој сигнал е доволно јасен,
  • Есента е доба на мармалади и компоти, а тие и тоа како можат да бидат секс играчки. Само препуштете се на фантазијата!



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>