Top
couple-dress-love-picnic-polka-dot-Favim.com-424246

Нова врска веднаш по раскинувањето

Научниците велат дека во една зрела врска посреќни се оние кои веднаш после болното раскинување на претходната врска побарале нов партнер за утеха или секс. Иако со години се верува дека скршеното срце се лекува во самотија, најновите студии на њујоршкиот Универзитет “City” и Универзитетот “Illinois” го тврдат токму спротивното.

Студијата покажала дека таквите поединци се позадоволни со себе и имаат поголема самодоверба од оние кои скршеното срце го лекуваат сами. Освен тоа, многу е полесно да се преболи старата љубов и да се продолжи понатаму доколку имаме нова личност во животот која ни пружа засолниште во своите прегратки.

Заборавете го тагувањето по старата љубов, тоа и онака нема да го врати времето, кажаните зборови и сторените нешта. Животот е премногу краток за да тагуваме и самуваме. Продолжете напред и отворете го срцето за друга љубов.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>