Top

Знаци кои покажуваат дека сте му кажале „ДА“ на вистинскиот

Никој не е совршен, а секој од нас е во потрага по личност која совршено одговара на неговите желби, очекувања и потреби. Еве како можете да препознаете кој е вистинскиот.

– Секогаш ги фали Вашите достигнувања кога сте во друштво. Без оглед на тоа дали сте добиле унапредување на работа или сте успеале во нешто друго, неговата уста секојаш е полна пофалби за Вашиот талент.

– Се однесува како вистински џентлмен, Ви отвора врата или Ви помага за носење на ќесите кога се враќате од купување, иако сте во врска повеќе години.

– Не сака да Ве менува, бидејќи знае дека секој има свои предности и мани.

– Ви кажува како се чувствува, a и често знае дека изговори „Ми недостигаш“.

– Не се срамите да се расплачете пред него. Тој знае дека не можете да се воздржите од употреба на хартиени марамици кога гледате некој романтичен филм и слично.

– Никој не е совршен.  Прашање е дали сте совршени еден за друг?

– Близок е со членовите на вашето семејство и ви овозможува да се зближите со неговото семејство.

– Другарува и со вашите пријатели. Ако имате лош ден, без проблем ќе ги вклучи во вашите заеднички активности за да можат заедно да го поправат вашето расположение.

– Ве остава да избувнете кога ќе ве изнервира некоја ситница. Тој знае дека не може секогаш да ви помогне и дека понекогаш ви е потребно само уво кое ќе ве ислуша.

– Без никаков повод ви кажува дека изгледате убаво, дури и во оние денови во месецот кога седите дома во обична маичка и тренерки.

– Со него можете да патувате каде ќе посакате, без да се плашите од постојани расправии и препирања.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *