Top
couple-dinner-iLike-mk

Начини на кои мажите го перцепираат женското тело

Сексолозите велат дека постојат три начини на кои мажите го гледаат телото на понежниот пол.

Согледуваат кои параметри Ве чинат женствени
Кога Ве гледаат, веднаш ги забележуваат вашите атрибути – градите, колковите и задникот. Мошне важен им е и начинот на кој чекорите. За еден маж речиси е невозможно на женското тело да забележи други делови освен оние кои гласно велат „Да, ја сум жена!“. Значи, на таа листа не се наоѓаат лоши петици, целулит, стрии и слични недостатоци.

Забележува што Ве прави единствена
Оддалеченоста помеѓу предните заби може да му биде многу шармантна карактеристика. Додека Ви паѓа расположението кога размислувате за Вашиот голем задник, нему му се допаѓа кога Ве гледа во долна облека.
Мислите дека устата Ви е претенка и мала? Тој ја обожава Вашата насмевка и воопшто не размислува во тој контекст. Деловите од телото за кои мислите дека е најдобро никој да не ги види, за него токму тие претставуваат она што Ве прави единствена. За него тоа се слатки детали, а не непривлечни недостатоци.

Го забележува она на што постојано го фокусирате вниманието
Ако постојано се жалите на своето тело и покажувате отворено незадоволство од својот изглед, тоа би можело да ја убие неговата желба за Вас. Додека тој размислува како цел ден имал можност да ужива во Вашето тело, а Вие му велите „Изгледам како подуен балон!“, со тоа ја намалувате неговата желба и ја уништувате романтиката. Затоа сакајте го своето тело.

Запомнете дека мажите сакаат природно женско тело. Секој сака да се чувствува здраво и да изгкеда убаво.
И за крај, никако не дозволувајте комлексите да Ве оддалечат од Вашиот маж!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>