Ако извесно време немате секс, телото може да доживее одредени промени. Сите тела се различни, луѓето имаат различен сексуален нагон и различни потреби. Но сепак, постојат генерални споредни ефекти од немањето (или имањето малку) секс, а најмногу ги има кај кај жените.
• Чувство на тага
Сексот се фокусира на физичкиот контакт, па ако тоа не го добивате редовно, може да се почнете да се чувствувате тажно. Сари Купер – секс терапевт, објаснува: „Кога луѓето имаат секс, тоа подразбира контакт кожа-на-кожа, а таквиот контакт е основен за нас начин на смирување и утеха (уште како бебиња од нашите мајки). Сексуалната конекција им овозможува куп кожа-на-кожа контакт при милувањето и допирите, и помага да се регулира расположението на партнерите – генерално преку ослободувањето на ‘фил гуд’ хормонот окситоцин“.
• Вагиналниот ѕид кај жените може да ослаби
Кај жените кои минуваат низ менопауза, намалувањето на количината на секс доведува до истенчување на ѕидовите на вагината, што може да доведе до болка при секс.
• Помалку „подмачкување“
Намалувањето на нивото на естрогенот може да доведе до потешкотии при самолубрикацијата на вагината.
• Зголемување на нивото на стрес
Сексот го намалува стресот. Ако веќе имате секс и така сте го намалувале стресот, ненадејното престанување може да придонесе за повисоко ниво на стрес од порано.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!