Top
ljubov

Знаци кои откриваат дека ТОЈ ВЕ САКА

Мажите за разлика од жените многу поретко и потешко изјавуваат љубов. „Те сакам“ се зборови кои многу ретко можете да ги слушнете изговорени од нивната уста. Но, постојат други знаци кои имаат еднакво значење како и изјавување љубов.

Контакт со очите
Внимателно насочен поглед во текот на разговорот открива дека мажот е сконцентриран на разговорот и ве смета за важен соговорник. Во текот на следниот разговор обрнете внимание на неговиот поглед, односно ако неговиот поглед освен кон вашите очи се насочува и околу вас, најверојатно се досадува со вас.

Допири
Кога станува збор за близок контакт помеѓу двајца, освен допирите во креветот и другите допири имаат свое значење и важност. Прегратката пред целото друштво, допирите на дланката додека гледате филм откриваат дека тој навистина ве сака и сака своето време да го поминува со вас.

Интерес за секојдневните обврски
Што се случува на работа, дали вашата пријателка ги разрешила проблемите во врската или каде ќе одите викендот што доаѓа се прашања кои ги поставуваат заљубените мажи. Таквиот маж не бега од потребата вашата врска да ја направи подобра и поквалитетна, а освен тоа на искрен начин ја искажува својата љубов кон вас.

Дружење
Доколку вашата врска и времето кое го поминувате заеднo се сведува само во кревет и движење низ дома, таквиот маж не е за сериозна врска. Оној вистинскиот, после времето што го имате за себе, ќе иницира и ужива и во заеднички моменти, активности и дружби.

Единствена
Малите гестови како на пример повик да му се придружите на службено патување се доволни знаци дека постои љубов помеѓу вас. Комплиментите, искажувањето почит кон вас додека сте во друштво или величење кога запознавате ново друштво покажуваат дека вие сте неговата единствена љубов.

Не бега од проблеми
Мажот кој ќе остане со вас и мирно ќе ги ислуша проблемите кои сте ги имале на работа, во семејството и со другарките, оној пред кој можете да бидете искрени е оној вистинскиот. Тој не бега и не ве игнорира кога започнувате да му раскажувате за вашите проблеми.

Ве запознава со своите најблиски пријатели
Без разлика дали станува збор за пријателите или пак за неговото семејство, колеги и слично, мажот кој ве сака сигурно гордо ќе ве претстави пред овие најблиски и најважни луѓе во неговиот живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>