Top
ljubete

Љубете повеќе, карајте се помалку!

Не заборавајте дека кон партнерот треба да се однесувате онака како што саката да се однесува тој спрема вас. Бидејќи некогаш и не е толку едноставно, прочитајте ги следниве стратегии кои ќе ви помогнат да ја одржите врската силна и среќна.

Позитивна дневна комуникација
Секој пар има своја рутина, во која се вбројува комуникациската. Никогаш не е доцна за подобрување на секојдневната комуникација, што можете да го постигнете на накој од следниве начини:

- Kaжете му „Добро утро“ со насмевка на Вашето лице и бакнете го. Не мора веднаш да му ги набројувате дневните обврски. Исто така, пред да заспиете, посакајте му „Добра ноќ“
– Кога се враќате дома од работа, поздравете го партнерот со бакнеж и прегратка. Не го вклучувајте веднаш компјутерот и не одговарајте на пропуштените повици
– Секој ден заблагодарете му за некоја ситница: ако ги измил садовите, ако ги подготвил децата за спиење, ако поправил нешто во домот
– Кажете му „Те сакам, затоа што…“ (дополнете ја реченицата со некои негови квалитети или нешто што направил за вас)

Oднесувајте се, размислувајте и разговарајте како две личности кои се сакаат, а не како цимери.

Грижете се за својот партнер
Поддршка, љубезност и искажување на чувства се најубавите подароци кои може да му ги дадете на својот партнер. Кога сте во врска која изобилува со љубов, грижата за партнерот е неизбежна. Карактерот е клучниот елемент поради кој сте одлучиле да се поврзете со него, а тоа ве одржува заедно. Кога последен пат сте му кажале колку цените некоја негова карактеристика?

Понудете му нешто што не може да одбие
Помогнете му, кажете му „Навистина сакам да ти помогнам со…“. Двајцата помагајте си еден на друг – со домашните обврски, децата итн. Не чекајте тој да ве замоли за некоја услуга или помош. Како врската трае подолго, така е нормално повеќе да очекувате, но од друга страна ја занемарувате. Често се случува вашата најљубезна страна да ја покажете на своите колеги или „странци“, а на партнерот му подарувате само малку од таа љубезност, претпоставувајќи дека тој и утре ќе биде тука и дека знае колку го сакате. Оставете ги претпоставките и покажете му ја својата љубов и внимание, а тој ќе ви возврати со иста мера.

Карајте се
Среќните парови се караат и не го премолчуваат она што им смета, па заедно наоѓаат решение. Оние парови кои не го прават тоа, не се искрени. Спроведено истражување покажува дека жените кои го премолчуваат она што сакале да го кажат имаат четири пати поголем ризик од срцеви болести. Целта во квалитетната караница е да се пронајде решение и да сфатите што сакате и чувствувате. Прашајте го неутрални прашања, како на пример „Зошто мислиш така?“ и сослушајте го одговорот, па потоа дајте свое мислење. Не е лесно за време на разгорени страсти да размислите со ладна глава, но обидете се да се смирите и да ја завршите караницата откако ќе изборите до 10.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>