Top

Што треба да се запрашате пред да му се вратите на бившиот

Зошто сте раскинале со бившиот партнер, дали ви недостига или само сте осамени… Ова се само некои од прашањата кои треба да си ги поставите пред да одлучите дали да му се вратите.

Ви недостига или само сте осамени?
Воопшто не е лесно да преболите раскинување на врска, но ако размислувате дали да му се вратите на бившиот прво треба да се запрашате зошто тоа би го направиле. Најнапред расчистете сами со себе дали тој ви недостига или само се чувствувате осамени и не сакате да бидете сами. Со враќање во неговите прегратки само му давате надеж дека нештата може да се променат, а тоа не е најдобар избор ако не сте сигурни што сакате и во која насока сакате да тргне вашата врска.

Зошто сакате да му се вратите?
После раскинувањето многу луѓе носталгично се потсетуваат на поранешната врска и лесно забораваат на тешките и лошите моменти од неа. Токму поради тоа често сакаат да му се вратат на партнерот. Важно е да не дозволите „розовите“ очила да ви го замаглат видот.

Зошто сте раскинале?
Најважното прашање, кое треба да ве потсети на сите причини поради кои дошло до тоа и да заклучите дали врската вреди да се спаси. Размислете дали можете да ги предбродите нештата кои ве разделиле, дали можете да ги решите проблемите и да преминете преку сите тие нешта кои ви сметале.

Дали можете да почнете од почеток?
Ако одлучите да се смирите со бившиот, најдобро е да почнете од почеток, советуваат брачните терапевти. На тој начин во „новата“ врска ќе влезете без замерки и емоционално стегање кое би можело да ве кочи. Настојувајте да не му судите на партнерот врз база на старата врска, туку посветете се на новиот однос.

Дали доволно се познавате себеси?
Ова е важно прашање, особено ако во врската имало многу навреди и омаловажувања. Дали доволно се сакате себеси за повторно да не дозволите такво однесување или пак ќе се согласите на нови манипулации.

Дали бившиот е она што навистина го сакате?
Дали сте сигурни дека тој е она што навистина сакате и дека не правите грешка? Дали тоа го правите за да се усреќите себеси или другите? Овие прашања мора да си ги поставите пред да започнете било што со него, како би избегнале повторно да ви го скрши срцето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *