Top

Врската на далечина има две лица: поголема слобода, помала блискост

За врските на далечина се вели дека се како меч со две острила: од една страна постои поголема слобода, а од друга страна помала блискост. Повеќе слободно време и претворањето на секоја средба во мал меден месец се предности на врските на далечина, додека љубомората, недостатокот на доверба и допири создаваат проблеми.

Негативно: Недостаток на допири и бакнежи
Одржувањето на љубовната врска само по себе е тешко, а врската на далечина е особено чувствителна на таа тема, поради големиот стрес и километрите кои ве делат. Недостатокот на допири, бакнежи и заеднички средби не може да го замени ниту една технологија. Поради тоа, партнерите може да почнат да се оддалечуваат, особено ако подобрата половина не може да присуствува на важните животни случувања како родендени, годишнини и слично.

Позитивно: Повеќе слобода
Освен лоши страни, врските на далечина имаат и позитивни страни. Партнерите имаат повеќе време да работат на себе, да уживаат во своето хоби и во дозата на слобода која ја овозможува овој тип на врска. Имате можност да се дружите со своите пријатели и да не го занемарите својот социјален живот.

Негативно: Љубомора и недостаток на доверба
Довербата и љубомората се голем проблем во секоја врска, особено кога ве делат многу километри. Партнерите на тој начин создаваат нов живот, независен од партнерот и притоа им е тешко да ги смират страстите. Ако партнерот запознае нови лица или не се јави на време, не треба веднаш да паничите. Важно е да изградите стабилна врска и да верувате дека партнерот истото го очекува од вас.

Позитивно: Секоја средба е како меден месец
Времето кое го поминувате со својата друга половина е драгоцено и се трудите да го искористите подобро отколку останатите парови кои понекогаш заедничките моменти ги земаат „здраво за готово“. Паровите кои негуваат врска на далечина во потполност се посветуваат еден на друг на секоја нивна средба и истата ја прават како вистински меден месец.

Негативно: Идеализирање на партнерот
Овие парови поретко се гледаат и најчесто настојуваат заедничките моменти да ги искористат максимално. Тоа може да резултира со идеализирање на партнерот и неговите дела. Во таквите совршени моменти многу е потешко да се увиди како партнерот би се снашол во секојдневните ситуации во кои нема место за страст, туку за грижи и проблеми.

Позитивно: Жежок зачин за сексуалниот живот
Далеку од очи не треба да значи далеку и од срце. Големата оддалеченост партнерите може да ја искористат на најдобар можен начин и да го зачинат својот сексуален живот со жешки СМС пораки, стриптиз на Skype или со посета како изненадување. Тоа се само неколку нешта на кои обичните парови не им обрнуваат внимание.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *