Top
vo-krevet-1

Знаци кои покажуваат дека тој сака само секс

Доколку сте се впуштиле во врска и не можете да процените дали го интересира нешто друго освен само страстна игра во креветот, еве ги знаците кои ќе ви помогнат да го дознaете тоа.

Ја избегнува предиграта
Ако веднаш преминува на главната игра во спалната соба, тоа е сигурен знак дека е заинтересиран само за секс врска бeз подлабоко поврзување.

Не ве запознава со своите пријатели
Ако тој не е заинтересиран да ве запознае со своите најдобри пријатели, омилената тетка или неговово семејство, верувајте дека не планира ништо повеќе со вас.

Не го интересира вашиот живот, семејство, работа или пријатели
Согласно сето ова, значи не е заинтересиран за деталите од вашиот живот. Веројатно не знае ниту каде работите, ниту со кого живеете и колку членови брои вашето семејство.

Вечно е „зафатен“
На вашите СМС пораки и предлози одговара неодредено, а неговите одговори вклучуваат фрази како „Ќе видиме“, „ Можеби“ или „Имам неодложни обврски“, а секој разговор кој го започнува има секусална конотација.

Секогаш седите само кај него
Тој секогаш ве повикува во својот дом, каде може да го контролира местото за средба, како и времето кое ќе го поминете заедно. Дури и ако ви дозволи да преспиете кај него, не ви подготвува појадок во кревет и не ви прави утринско кафе.

Ги забележува нештата кои ги оставате кај него
Ако се случи да заборавите некое парче облека, а тој веднаш ве потсетува дека сте го заборавиле или ако не ви допушта да оставите четкичка за заби кај него, тој не сака да има никакви траги од вас во неговиот дом, што значи дека не ве смета како дел од својот живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>