Top
Kompiri-iLike-mk-F

Вклучете го компирот во секојдневната исхрана

Според многумина, компирот треба да се избегнува, но тоа се однесува само на пржениот компир. Неговите позитивни карактеристики ги задржува ако се вари или пече.

Изобилува со калиум
Голем компир содржи околу 1600mg калиум, што претставува половина од дневната препорачана количина. Во него има 4 пати повеќе калиум отколку во бананата. Калиумот има важна улога во работата на мускулите и крвниот притисок.

Богат е со влакна
7g растителни влакна има во еден голем компир, што претставува една четвртина од дневната препорачана количина. Без лушпата, компирот содржи само 1g влакна. Поради растителните влакна, одржува ситост подолго време, ја намалува опасноста од срцев удар, го намалува крвниот притисок и помага во спречување на дијабетес.

Содржи витамин Ц
Содржи половина од препорачаната дневна доза на витамин ц, односно 29mg. Претставува важен антиоксиданс и помага во зараснување на рани.

Извор на манган
Манганот е игра важна улога во преработката на протеини, јаглени хидрати и холестерол. Освен тоа, добар е за зајакнување на коските. Еден компир со лушпа содржи дури 33% од препорачаната дневна доза на манган.

Богат е со витамин Б6
Витаминот Б6 ги штити кардиоваскуларните и дигестивните функции, го зајакнува имунолошкиот систем, ги зајакнува мускулите и нервниот систем. еден голем компирима една половина од препорачаната дневна количина на Б6.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *