Top
mokra_kosa

Зошто не треба да легнувате со мокра коса?

Сигурно и вам безброј пати ви се случило да ве мрзи да ја исушите вашата коса, па веднаш легнувате во креветот. Вашата мајка билаво право кога ви велела дека тоа е штетно. Еве кои последици ви ги носи оваа штетна навика.

Главоболка
Ако заспиете со мокра коса, тогаш наредниот ден сигурно ќе ве мачи главоболка. Во текот на спиењето вашето тело се загрева, а влагата која се собира во текот на ноќта во пешкирот кој го држите околу главата ви предизвикува болка поради големата разлика во температурата.

Косата се крши
Ако сакате вашата коса да изгледа негувано, здраво и сјајно, тогаш уште веднаш треба да престанете да си легнувате со пешкирот на главата, затоа што мократа коса не само што е склона кон кршење, туку може да доведе и до опаѓање на влакната. Дури треба да избегнувате и спиење со влажна коса.

Инфекции
Влажната коса нема да го намокри само вашиот кревет, туку и вашата перница која е идеално место за размножување на бактериите, при што лесно можете да „привлечете“ некоја инфекција.

Болка во мускулите
Ако некогаш ви се случило да се разбудите со болка во мускулите, а претходната ноќ сте заспале со мокра коса, тогаш веќе треба да ја знаете причината за таа болка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>