Top
love couple

Најголемите грешки во врските

Најчесто, на почетокот на врската, понесени од љубовниот занес правиме грешки. Секој човек греши, но тоа не мора да биде наш избор, туку имаме и можност да избегнеме одредени погрешни постапки.

Му посветувате премногу време на партнерот
Многу брзо врската ќе ја донесете до ниво на здодевност и тој/таа ќе чувствува како некој да му ја одзема слободата.

Мислите дека ќе се промени
Ако правите исто нешто повторно и повторно очекувате различни резултати, тогаш грешите. Но, треба да престанете да му давате шанси да ги поправи нештата. Залудно го трошите вашето, а воедно и неговото време.

Дозволувате некој да биде супериорен во врската
Постојат работи за кои е подобро да одлучите вие, а за други вашиот партнер. Но, сосем е погрешно е некој да биде постојано супериорен во врската, да се слушаат и исполнуваат неговите желби и да се почитуваат само неговите приоритети. Имајте почит за туѓите потреби, но и за своите.

Претерано сте љубоморни
Дури и кога ќе почувствувате љубомора не мора да ја искажувате, бидејќи на тој начин во врската ќе донесете притисок, кавги и несогласување. Врскат треба да носи спокој, задоволство и среќа и нкој не сака да биде во врска со личност која е болно љубоморна.

Реагирате лошо на неговите средби со бившите
Нормално дека партнерот имал живот и пред вас, исто како што сте имале и вие. Сосем е во ред да се сретне и поздрави со бившите. Ако вие на таа средба реагирате избувливо ќе изгледате како плашлива личност која нема доволно самодоверба и се плаши од луѓето во неговото минато.

Дозволувате емоционално насилство или сте емоционално насилни
Врската во која има емоционално насилство нема иднина. Не дозволувајте некој да ве вознемирува, да ги крати вашите права или слободата.

Се изолирате од надворешниот свет
Се оддалечувате од вашите пријатели, го запоставувате своето семејство, но ако направите тој да биде сè во вашиот живот, што би се случило кога на таа врска би ѝ дошло крај?

Го правите главна точка на распоред 24/7
Оставете го да дише! Дајте си пауза еден од друг, врската побрзо ќе ви здодее доколку заедно го поминувате речиси целото слободно време, а кога не сте заедно „висите“ на телефон. Ваквите опсесивни врски не траат долго.

Го опсипувате со подароци
Со трошење пари и купување скапи подароци не правите да ве сака повеќе, може само да постигнете спротивен ефект.

Прерано се запознавате со неговото семејство
Сè додека врската не стане сериозна, нема потреба од избрзани постапки како присуствување на важни семејни средби и настани.

Немате разрешено со вашето минато
Еден од главните проблеми во врските е мешањето на минатото со сегашноста, а уште полошо е ако не сте расчистиле со минатото или доколку премолчувате важни работи кои треба да бидат кажани.

Премногу рано ја изразувате вашата љубов
Не изјавувајте љубов ни прерано, ни предоцна. Не избрзувајте со изјавување љубов доколку не ја чувствувате навистина. Доколку не ја вреднувате личноста со која сте во врска, може да биде доцна кога ќе сфатите колку таа личност ви била важна.

Кавгите ги решавате со секс
Расправијата која е потисната од моментално задоволство не е решена, само е скриена, одложена и кога-тогаш ќе исплива на површина.

Не внесувате ништо ново во врската
Внесете нешто ново, интригантно, врската треба да ви биде интересна и возбудлива. На дозволувајте да дојде до монотонија.

Дозволувате други да ви се мешаат во врската
Ниту вашето семејство ниту пријателите не знаат точно како ви е вам и кои се околностите со кои се соочувате. Во никој случај не смеете да дозволите блиските да ви се мешаат и да ви „солат“ памет. Разграничете добронамерен совет од мешање каде некому не му е местото.

Најголемата грешка која можете да ја на направите во една врска е да заборавите да се цените себеси. Не заборавајте колку вредите и дека не е крај на светот доколку на врската ѝ дојде крајот. Никој не е поважен од самите вас, и воопшто не заслужувате некој кој ќе ве третира лошо!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>