Top
tajni-na-zenskata-vozbuda

Тајни на женската возбуда

Сите жени не сакаат исти нешта, а тоа особено важи и за нивната возбуда во креветот. Мажите може да искористат некој од следниве 6 нешта со кои ќе ја возбудат својата партнерка.

Сексот не е трка
Мажите не сакаат кога жените ги брзаат, а пак жените не сакаат кога мажите се сконцентрирани само на една ерогена зона. Затоа забавете ја играта, истражувајте и најважно од сè, забавувајте се. Откријте го ритамот кој на двајцата ви одговара и уживајте во секој момент.

Масажа на главата
Секоја масажа ја зголемува возбудата кај жените, но масажата на главата многу брзо може да го постигне тоа. Женските уживаат во чувството на опуштеност, која постепено преминува на целото тело.

Вежбајте во пар
Заедничкото вежбање го зголемува нивото на допамин, што значи дека се чувствуваме посреќно и со тоа порасположени за секс. Машката пот после трчањето зрачи андростендион, тестостерон кои ги возбудува жените. Секако, вие ќе се истуширате после трчањето, а забавата ќе биде уште подобра ако го направите тоа заедно.

Никогаш доста од комплименти
Анкета која била спроведена на 2000 жени покажува дека на жените во креветот најмногу им недостасуваат комплиментите, и тоа оние комплименти кои ќе ja направат да се чувствува женствено и убаво.

Секси масажа на стапалата
Масажата на стапалата кај жените ја зголемува можноста за постигнување оргазам за 30%.

Дали си за танц?
Фатете ја партнерката за рака и танцувајте движејќи се до вашата спална соба. Опуштете се, пуштете музика која ќе се вклопи во тоа секси расположение. Оваа предигра со гаранција ќе ви даде позитивни резултати.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>