Top
Со што привлекуваат мажите?

Со што привлекуваат мажите?

Не се само жените оние кои сакаат да привлекуваат внимание, туку и мажите подеднакво сакаат внимание од вас. Но, кога гледаат дека не го добиваат, успеваат со неколку работи да го свртат вашиот поглед, дури и свет. Еве на што сѐ се спремни за жените да ги погледнат:

  • Се однесуваат лошо
    Кршењето чаши во јавност е мошне лош гест, но токму со ова мажите сакаат да бидат забележани. Исто, тие може да се качат на дрво, да стојат на глава и уште ред други работи со кои би се изглупирале. Вас ќе ви игледа детски, но едно е сигурно – ќе го приметите!
  • Го облекува она што вие го сакате
    Кошулата која еднаш сте му ја пофалиле или парфемот кој вие го сакате не се случајни оваа вечер. Повеќето мажи не признаваат дека тоа го прават поради жените, но свесни се дека со тоа ќе ја поттикнат вашата позитивна енергија.
  • Се прават важни
    Гласно зборуваат во јавност со цел да ги приметите, во нивниот автомобил пуштаат гласна музика и отвараат прозор за сите да ги слушнат. Повеќето жени нема да се свртат кон нив, но постојат и такви жени кои мислат дека на тој начин ќе се заљубат.
  • Се прават дека не ве познаваат
    Ударот во его е најефикасен, а мажите се многу добри во оваа тактика. Кога покрај нив ќе помине девојка која ја познаваат тие ќе си ја свртат главата или ќе се направат дека не ја познаваат. Со тоа покажуваат дека не се заинтересирани, со што им се попривлечни на некои жени. Ова жените го прават многу добро, но ни на мажите не им оди лошо од рака.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>