Top
predigra

Секси предигри на кои нема да одолее ниту еден маж

Колку повеќе ќе успеете да се возбудите пред сексуалниот чин, толку подобро вашето тело ќе одговори на стимулација и со тоа оргазмот ќе биде многу поинтензивен.

Нека ве набљудува
Доближете го до креветот и раскопчајте го така што ќе стоите над него. Тогаш започнете да разголувате делови од вашето тело, најпрво градите, потоа бутовите… Нека гледа сѐ додека го чека она што допрва следува…

Воздивнувајте
Спуштете ги усните на телото на партнерот, на стомакот или на градите, и за тоа време бавно издишувајте. Со топлиот воздух се менува протокот на температурата на кожата, а со тоа се зголемува возбудата.

Доминирајте
Предиграта всушност е бавно заведување. Но, и „дивата“ предигра може да го зголеми адреналинот кај партнерот. Нема потреба веднаш да се врзувате за креветот.

Допирајте се
Жените реагираат исклучително силно на допирите. Тие често мислат дека на мажите најважен им е контактот е меѓу нивните нозе, но сепак тие може да реагираат на стимулација на различните допири. Нежни допири на кожата, масажа, нежни потези и долги нокти, неочекувани скокоткања во голема мера ќе го зголемат неговото уживање.

Чувајте го на работ
Ако почувствувате дека неговото тело станува напнато и возбудено, поместете ги усните на друга точка од телото. Поиграјте си со неговата возбуда.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>