Top
sreken par

Дали си вистинската за него?

Многу често се случува подолго време да сте заедно со вашиот партнер, а да не сте сигурни какви намери има. Ако сакате да знаете дали сте вие вистинската девојка за него, треба да обрнете внимание на сигналите кои тој несвесно ви ги праќа. Ако ги забележувате овие сигнали кај вашиот партнер, можете да бидете сигурни дека вие сте вистинската за него.

Ве гледа како да освоил нешто многу вредно – и кога сте во најлошото „издание“, тој го има овој поглед кој кажува многу.

Го користи секој момент да ве бакне – без разлика дали сте сами или во јавност.

Сака да бидете дел од сите негови планови – без разлика што и да прави ве вклучува и вас во сите свои планови.

Секогаш сака да го слушне вашето мислење – покажува почит кон вашите размислувања и совети.

Можете да разговарате за било што и да посакате – понекогаш се чувствувате како да сте најдобри пријатели и тоа е супер.

Ви се доверува – во вас има голема доверба и ви кажува работи кои никому не ги кажал.

Без разлика на сѐ ве прави среќна – и ако е уморен, или зафатен, сепак ќе најде време за да ги исполни вашите барања и желби.

Ако го препознавте парнерот во овие карактеристки, тогаш можете да бидете сигурни дека вие сте вистинската девојка за него со која тој сака да изгради заеднички живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>