Благодарение на моќта на социјалните мрежи, ова момче стана вистинска интернет сензација. Станува збор за Гилерме Леао, 22-годишен чувар кој работи во метрото во Сао Паоло (Бразил). Неговиот атрактивен изглед мами илјадници женски погледи, а многу од нив застануваат да се поздрават и фотографираат со него. На шега, неговите колеги му доделиле титула „најзгоден чувар во светот“, а тој додава дека моменталната слава му годи бидејќи сака да стане актер.














Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!