Top
Chajni-kjesichki-iLike-mk

За што можете да ги искористите чајните ќесички?

Многу од луѓето уживаат во чајот, но не знаат за корисноста на искористените чајни ќесички. Следниот пат, имајте на ум дека можете да ги искористите за следните нешта.

Иритација на кожата, изгореници, убоди од комарци
Исушената чајна ќесичка натопете ја со вода и ставете ја на местото од кожата на кое постои воспаление. Истиот трик можете да го искористите за темни подочници, да го намалите отокот околу очите и да го освежите тој дел од лицето.

Мирис во ладилникот
За да се решите од непријатните миризби во ладилникот, наместо соба бикарбона ставете неколку чајни ќесички во пластичен сад.

Миење садови
Неколку ќесички чај потопете ги во мијалникот со валкани садови. Ако ноќта до доцна сте имале гости и не ви се мијат садови, оставете ги да преноќат и утредента многу полесно ќе ги измиете, бидејќи ќесичките ќе ги отстранат мастите.

Бубачки и останати штетници
Ќесичките оставете ги во шкаф и останатите критични делови од станот. Во овие случаи најефикасна е ќесичката од чај од нане, бидејќи бубачките не го поднесуваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>