Top
razvod

Хороскопски знаци кои се склони кон развод

Секој хороскопски знак има свои негативни страни кои доколку не бидат навреме забележани и прифатени како такви, можат да доведат до крај на бракот. Доколку сакате да откриете каде можеби грешите, погледнете ги следниве неколку причини поради кои секој од знаците можат да го уништат својот брак.

Овен
Индивидуалист и тешко се прилагодува. После некое време, поради лошото прилагодување може да забележи и дека партнерот се променил, па го преовладуваат љубомора и сомнежи. Често се појавува и трета личност. Во неговиот брак фали двострана комуникација и намалување на нервозата.

Бик
На почетокот многу се труди во врската, но кога ќе стапи во брак целосно се опушта. Тој ќе се намести удобно на каучот и ќе го пушти својот омилен филм. Бракот треба да се одржува од ден за ден, па токму поради пасивноста на овој знак може да дојде до негов крај. Тој никако не сфаќа дека е потешко да го одржувате бракот, отколку да влезете во него.

Близнаци
Обично се весели, но знаат да бидат и многу површни. Партнерот често не ги разбира, не може да се договори со нив и се сомнева во нивните емоции. Тие мора да научат дека во бракот треба да бидат поодговорни доколку не сакаат тој да пропадне.

Рак
Ракот има способност од бракот да направи агонија. Постојаното жалење како нему му е најтешко и како не успеал да ги заврши своите работи поради партнерот, без притоа да ја признае и својата вина во проблемот, често доведува до пукање на бракот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>