Top
luspa-od-banana

За што може да ја искористите лушпата од банана?

Бананата е овошје кое е богато со витамини и минерали, а освен тоа е многу вкусно. Но, ако сакате максимално да ги искористите благодетите на бананата, не ја фрлајте нејзината лушпа. Неа може да ја искористите за лекување и превенција.

  • Против вирусни брадавици
    Навечер ставете мало парче од лушпата на вирусната брадавица, залепете фластер и оставете ја дејствува во текот на ноќта. Секоја вечер повторувајте ја постапката, бидејќи лушпата од банана ги суши овие брадавици.
  • Против убоди и иритација на кожата
    Местото кое ве чеша или пак на кое имате убод истријте го со внатрешната страна на лушпата од банана. Пецкањето многу брзо ќе исчезне.
  • Против акни
    Со внатрешната страна на лушпата тријте ги воспалените места на кожата неколку минути, односно додека лушпата не потемне.
  • Против хемороиди
    Болното место намачкајте го со лушпата од банана. Оваа постапка повторувајте ја сѐ додека симптомите не исчезнат.
  • Против брчки
    Подрачјето околу очите мачкајте го со внатрешната страна на лушпата од банана. Таа ја храни кожата, ја затегнува и ја прави мека, а помага и во редукција на ситните брчки.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>