Top
aspirin

4 изненадувачки употреби на Аспирин

Аспиринот е еден од најчесто користените лекови, кој ублажува повеќе типови на болка. Освен тоа, има неколку употреби во домаќинството. Тој може да го намали црвенилото, подуеноста и болката од убоди.

Го намалува создавањето на првут
Поради салицилната киселина која ја содржи, а која е состојка на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против тие досадни бели лушпи. Здробете 2-3 аспирина и помешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја користите за секое миење на косата. Добро измасирајте го темето и оставете да делува 3-5 минути, по што треба темелно да се измие.

Ги смирува убодите
Благодарение на своите противвоспалителни својства, аспиринот може да го намали црвенилото, подуенонта и болката од убоди. Навлажнете таблета Аспирин и ставете ја да делува на местото на убодот неколку минути.

Отстранува дамки
За отстранување на дамките од пот, во сад измешајте 3 здробени аспирина и половина чаша топла вода. Исфлеканиот дел од маицата потурете го со оваа мешавина и оставете да отстои барем два часа. Потоа исперете ја маицата на вообичаен начин. Со истата мешавина можете да остраните дамка од никотин или трева.

Поттикнува раст на билки
Аспиринот е корисен за сите видови билки, и го поттикнува нивниот раст. Растопете еден аспирин во три ипол литри вода и испрскајте ги билките. Ако сакате цвеќињата во вазната подолго да траат, во водата додадете еден Аспирин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>