Неодамна објавениот извештај на агенцијата „Нилсен“ открива во кои сегменти ќе се развива Интернет пазарот, односно кои се желбите на купувачите.
Производи кои се оценети како интересни за глобалната публика, односно испитаниците одговориле дека можеби „би направиле пазар“, доаѓаат од забавната индустрија (концерти и забави), електрониката, патувањата и храната, а веднаш зад нив се облеката, уредите за домаќинство, финансиските услуги и производите од автомобилската индустрија.
Нормално, рекламите им стојат на располагање на фирмите за да ги наведат потрошувачите да го набават тоа што им треба по пат на Интернет, но и тука треба да се внимава на секој чекор. Во просек 10% од луѓето ги купувале нештата кои биле рекламирани на социјалните мрежи, а дополнителни 8% за истите производи отишле во продавница за лично да ги тестираат.
Интересно, категоризирано според човечките раси, најлоши купувачи на Интернeт се белите и црните луѓе, додека најдобри се азијатите, а веднаш по нив припадниците на хиспано групата. Сепак, 33% од луѓето во анкетата предупредиле дека рекламите на социјалните мрежи се пренапорни и да предизвикаат спротивен ефект.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!