Top
Интернетот го расипува квалитетот на животот

Интернетот го расипува квалитетот на животот

Секој ден кога сме онлајн работиме 16 минути помалку, поради социјалните мрежи губиме 2 часа од сонот, а последниве неколку години 18 дена помалку се дружиме со нашите пријатели. Сè поголемото присуство на Интернетот во секојдневниот живот има свои негативни страни од кои најлоша е преголемата посветеност. Виртуелната посветеност се одразува врз нашето здравје и друштвениот живот, а тоа го покажува истражувањето спроведено од Институтот за технологија во Вашингтон. Новите анализи откриваат дека поради онлајн активностите ги занемаруваме оние другите, односно едноставно не стигнуваме да ги завршиме бидејќи Интернетот стана приоритет и неразделен дел од секој наш ден. Токму поради тоа, луѓето сè помалку гледаат телевизија, сè помалку слушаат музика и општо помалку се дружат и помалку посветуваат време на физичка активност. На Интернет најчесто трошиме време на: социјални мрежи, онлајн игри, електронска пошта, портали со вести, видео спотови.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>