Top
Zavisnici-od-internet-iLike-mk

Проверете дали сте зависни од Интернет

И покрај апелирањата да не се седи пред компјутер предолго време т.е. повеќе отколку што реално е потребно, во последно време се бележи тренд на зголемување на просечното време на задржување пред комјутер по човек.

Исто така, последните истражувања покажуваат дека Интернетот значително го намалува квалитетот на социјалниот живот.

Еве еден хумористичен, но мошне реален тест со кој ќе проверите дали сте вистински зависници од Интернет.

1. Некој ти кажува виц или смешна случка, а ти му враќаш со „ЛОЛ“.

2. Одиш до продавница и им пишуваш групна порака на твоите пријатели само за да кажеш каде си.

3. Започнуваш да велиш „хехе“ или „хаха“ наместо убаво да се насмееш.

4. Се нервираш кога ќе видиш некој со онлајн име слично на твоето.

5. Твојата пријателска листа на некоја социјална мрежа надминува бројка од 150 луѓе.

6. Стануваш наутро и првото нешто што го правиш, после кафето, е проверуваш кој е онлајн.

7. Го имаш сетирано компјутерoт, при вклучување автоматски да отвора месенџер или скајп.

8. Не можеш да си објасниш каде заминало времето.

9. Користиш кратенки како „лол“, „асл“, „плс“ и „здр“ наместо цели зборови.

10. Пишуваш побрзо отколку што размислуваш.

11. За време на вечерата стануваш и одиш да провериш дали те барал некој.

12. Ако треба ќе изгубиш 30-тина минути, но мораш на сите да им пишеш „4ао“.

13. Ти снемува интернет и веднаш си нервозен и кажуваш пцовки.

15. Се пронајде барем во 5 од овие точки.

16. Не забележа дека е скокната точката број 14.

17. Се врати да провериш дали навистина ја нема, се смееш па ти текнува дека ти ја направиле оваа финта и друг пат.

18. И веднаш одлучуваш да го споделиш ова со уште еден онлајн пријател кој е зависен од интернет како тебе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>