Колку пати до сега сте размислувале да чувате домашен миленик, но не сте можеле да се одлучите дали тоа да биде маче или куче? Астрологијата може да ви помогне при изборот.
ОВЕН
На енергичниот Овен потребно му е енергично куче. Всушност, му треба миленик кој ќе се прилагоди на неговите бројни обврски, било тоа да е куче, игуана или папагал. Овните се импулсивни, па веројатно ќе донесат импулсивна одлука кога ќе го избираат својот домашен миленик.
БИК
Биковите сакаат да се мазат, па затоа им е потрбен нежен и верен миленик. Доколку се одлучат за мачка, подобро е да ја купат додека е сеуште мала, за полесно да се прилагоди. Биковите уживаат и во работата со животните од фарма, а се и одлични ветеринари.
БЛИЗНАЦИ
Комуникативноста е најсилно оружје на Близнаците, затоа комуникативен и забавен домашен миленик би бил идеален за нив. Еден од тие животни е папагалот, особено оној вид кој лесно учи да зборува. Близнаците на своите миленици им посветуваат многу внимание, па затоа им одговараат енергични видови со кои ќе се забавуваат.
РАК
Ракот сака да се чувствува сигурно и многу е поврзан со своето семејство, па затоа за него идеален домашен миленик е кучето, а препорачливо би било тоа да биде златен ретривер кој е исклучително верен и послушен.
ЛАВ
Самиот Лав е наклонет кон минијатурна верзија на себе – мачка. Сепак, соодветен домашен миленик за Лавот би бил папагал. Ара, или пак, какаду. Лавовите се насочени кон семејството, па затоа би избрале миленик со кој ќе ужива целото семејство. Токму поради тоа претпочитаат и кучиња, како на пример кокери.
ДЕВИЦА
Девицата секогаш сака да им помогне на сите, па така и на животните. Често се случува припадниците на овој хороскопски знак да вдомат улични животни. Одлично се согласуваат и со кучињата и со мачките. Имајте на ум дека е потребно време миленикот да се адаптира на вас, но кога добро ќе се запознаете, сигурно одлично ќе се согласувате.
ВАГА
На Вагите им треба хармонија. Тие сакаат убави и префинети нешта, па ќе им се допадне кокер шпаниел, сијамска мачка или птици со убави перја.
СКОРПИЈА
Скорпиите се емотивни и таинствени, па ќе им одговара токму таков миленик. Змија, тарантула или скорпија лесно би можеле да се најдат во домот на припадниците на овој хороскопски знак. Сепак, Скорпиите најчесто избираат кучиња, особено германски овчар. Исто така, сакаат и мачки, бидејќи се самостојни и непредвидливи.
СТРЕЛЕЦ
На Стрелците најдобро им одговараат кучиња – разиграни, весели, опуштени и секогаш подготвени за авантура. Меѓу нив се златен ретривер, ши-цу или ласа апсо.
ЈАРЕЦ
Типичниот Јарец секогаш е во трка за кариера и ретко е дома, затоа неговиот идеален домашен миленик не би требало да бара многу време. Риби, желки или папагал се идеални миленици за Јарецот.
ВОДОЛИЈА
Познато е дека Водолиите се ексцентрични, па затоа необичните и егзотични домашни миленици се вистински избор за нив. Жаби, игуани, разни глодари или желки се домашни миленици кои ќе го задоволат вкусот на Водолијата.
РИБИ
Рибите се емотивни и многу поврзани со своите домашни миленици. Тие својот живот максимално го прилагодуваат кон животните и им ја нудат сета своја љубов. Рибите се прилагодуваат на секое животно.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!