Top
komarci

Околу кого најчесто зујат комарците?

Доаѓа уште една сезона на комарци и сигурно секогаш се прашувате зошто се вртат баш околу вас. Научниците веќе извесно време го знаат одговорот на прашањето „Зошто комарците се вртат околу одредени луѓе?“. На оваа листа со одговори можете да проверите дали може да се откажете од нешто за да ги намалите шансите за непријатни убоди.

Професорот по ентомологија, Д-р Фил Коeлер вели: „Вашиот метаболизам и уникатната хемија на телото играат важна улога во тоа дали сте или не сте магнет за комарци. Исто така, постојат докази кои велат дека вашата привлечност на комарци може да се менува со текот на времето“.

Крвна група О
Комарците речиси два пати почесто летаат околу луѓе со крвна група О отколку околу оние со крвна група А. Повеќето луѓе лачат супстанци кои на комарците им овозможуваат да ја идентификуваат нивната крвна група пред да тргнат во напад.

Го чувствуваат пивото
Пиењето само едно пиво ја зголемува можноста да ве искасаат комарци, а ова се покажува во една студија објавена од Американска организација за контрола на комарците.

Полна месечина
Комарците се до 500 пати поактивни на полна месечина. Најактивни се во зори и самрак, а некои видови се во состојба да летаат и до 70km во потрага по храна.

Носете чорапи
Мирисот на стапалата е неодолив за комарците, а ова го вели научникот Барт Нолс. Во неговиот експеримент дури 75% од комарците застануваат на стапалата на луѓето, но ако ги измиете стапалата, помалку ќе им бидете мета.

Бременост
Бремените жени се двојно поизложени на убоди отколку оние кои не се бремени. Комарците ги привлекува влага и јаглеродниот диоксид во нивниот здив. Освен тоа, стомакот на трудницата е топол, поради што во нивната пот има повеќе привлечни супстанци за комарците. Жените им се привлечни на комарците и во одредени фази на овулацискиот циклус.

Трчањето нема да ви помогне
Поголема е веројатноста дека ќе ве касне комарец ако трчате или вежбате отколку ако мирувате, бидејќи дишете повеќе и повеќе се потите. Физичката активност ги зголемува ризиците од убоди дури за 50%.

Ги привлекува црно
Кога е во прашање бојата и комарците, црната е најпривлечна, црвената е многу привлечна сива и сина се неутрални, а зелена и жолта се најмалку привлечни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *