Top
bolki-vo-grb

Седењето сериозно му наштетува на здравјето

Докторот и член на Американското здружение на остеопати (АОА), Rob Danoff предупредува дека постојаното седење сериозно му штети на човечкото здравје.

Болки во грбот, опуштени мускули, кардиоваскуларни болести, дијабетес, рак на дебелото црево и прераната смрт се ризици на кои се изложени оние луѓе чија работа е поврзана со постојано седење. Најголемиот дел од времето во канцеларија го поминуваме седејќи, а штом се вратиме од работа седнуваме пред телевизор.

Според американскиот Институт за здравје, просечно седиме 7,7 часа дневно, а 70% од работниците во канцелариите седат 5 часа дневно. Колку повеќе седиме, толку полоша е циркулацијата на крвта и истата носи опасност по здравјето.

Затоа, Д-р Danoff советува да станувате секој половина час, да користите скали наместо лифт, да отидете до бирото на колегата за да му пренесете информација наместо да му праќате меил. И најважно, задолжително шетајте после работа или навечер пред спиење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>