Top
majka-i-bebe

Google е најдобар пријател на денешните нови мајки

Мајките во ова модерно време се чести корисници на интернет, а тоа го покажува истражувањето на британската компанија Cussons Mum спроведено на повеќе од 2000 жени. Според неа, сѐ повеќе луѓе на Google бараат одговори за нивното бебе, за разлика од минатото кога сите тие прашања ги поставувале на својата мајка или свекрва. На интернет, младите мајки бараат одговори, но и искуства кои ги поделиле други мајки.
Околу 82% од новите мајки велат дека постојано се грижат за своето бебе, а 2/3 од нив велат дека најчесто одговори на своите прашања бараат на Google. Уште во текот на бременоста тие истражуваат што сѐ може да очекуваат во бременоста или за време на породувањето.

Најчести прашања на младите мајки за Google се:
1. Како да спие повеќе моето дете?
2. Како да го исчистам неговото носе за време на настинка?
3. Како да ги олеснам проблемите со изникнувањето на забите?
4. Зошто моето дете плаче?
5. Како се лекува настинка кај бебе?
6. Колку млеко е доволно за бебето?
7. Дали осипот од пелени е нормална појава?
8. Колку долго треба да спие бебето?
9. Како и кога се одвикнува дете од пелени?
10. Кога детето почнува да ползи?
11. Кога детето почнува да зборува?




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>