Top
mobilen-telefon

Исклучете го мобилниот телефон

Мобилните телефони во голема мера ги прoменија нашите животи. Иако имаат свои позитивни страни, овозможувајќи ни пристап до различни информации во секој момент, истовремено нѐ тераат да бидеме во тек со сите случувања, што може да биде навистина стресно. Затоа од време на време исклучете го мобилниот телефон и уживајте во мирот без него.

Ќе го намалите стресот и подобро ќе спиете
Сигурно и вие се вбројувате меѓу оние кои 24/7 се достапни за својот шеф, а се прашувате зошто сте под стрес. Додека постојано одговарате на неговите повици и СМС пораки, ќе бидете нервозни. Истото се однесува и за пријателите и членовите на вашето семејство, кои не разбираат дека ви е потребен одмор од постојаната комуникација. Ако го исклучите мобилниот телефон додека спиете, несомнено е дека ќе се наспиете и одморите на раат.

Ќе бидете поодговорни
Мобилниот ви помага да го слушнете гласот на најблиските во било кое време. Но, тој ќе ви помогне и да се извлечете од договорените обрвски во последен момент. Ако не можете некого да контактирате преку мобилен телефон, веројатно нема ни да помислите да го одложите договореното кафе, вечера или деловен состанок.

Ќе ги одморите очите
Бидејќи додека сте на работа, најмалку 8 часа гледате во компјутер, очите ви се уморни, суви и црвени. Многу полошо поминуваат оние кои и денот и ноќта ги поминуваат со гледање во мобилниот телефон. Исклучете го телефонот и одморете ги очите.

Ќе имате поквалитетна комуникација
Постојаната достапност на мобилниот телефон, како преку повици така и преку СМС пораки, ја намалува нашата вештина за комуникација „очи во очи“. На глобално ниво, луѓето првенствено избираат комуникација преку социјалните мрежи. Дури и кога се наоѓаат на исто место, тие проверуваат електронска пошта, пораки или статусите на своите пријатели на Фејсбук. Со ваквото однесување ја намалуваме можноста за емотивно поврзување со другите. За да имате подобра комуникација „очи во очи“, кога сте на кафе со своите пријатели договорете се да ја плати сметката оној кој прв ќе го допре својот мобилен телефон.

Ќе имате повеќе енергија
Некои студии покажуваат дека држењето на мобилниот телефон во непосредна близина на телото, на пример во џебовите на панталоните или кошулата го намалува нивото на тестостерон во телото. Овој хормон го има во телата на двата пола, а тој е важен за нивото на енерија и на мажите и на жените.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>