Сигурно веќе знаете дека во периодот помеѓу 11 и 15 часот е најдобро да се избегнува изложувањето на сонце. Но, ако веќе морате да го направите тоа, имајте на ум дека одредени намирници овозможуваат заштита на кожата од сонцето.
Nina Goad од бристанското здружение на дерматолози вели дека одредени намирници може да делуваат како умерена заштита, но сепак треба да знаете дека не овозможуваат целосна заштита од УВ-зраците.
- Студија спроведена на еден Лондонски универзитет покажува дека темното чоколадо има дејство слично на крема за сончање со помал заштитен фактор. 20g темно чоколадо со висок процент на какао го удвојува времето во кое кожата изложена на сонце не поцрвенува. За тоа се заслужни антиоксидансите кои ги содржи темното чоколадо.
- Доматите содржат антиоксиданс ликопен кој ја прави кожата поотпорна на сончеви зраци. Луѓето кои секојдневно јадат домати се 33% поотпорни на изгореници. Научниците откриле и дека јадењата со домати го зголемуваат нивото на проколаген во чковечкото тело, чиј недостаток предизвикува предвремено стареење на кожата, губење на нејзината еластичност и појава на брчки. Конзервираните и зготвените домати содржат повеќе ликопен отколку свежите и многу подобро се апсорбираат во телото. Цитроните и лубеницата исто така се богати со ликопен.
- Овошјето и зеленчукот со портокалова боја, како на пример моркови, портокали, манго и диња, се богати со бета-каротен. Нивното редовно консумирање, десетина дена пред изложување на сонце ја намалува алергиската ракција и ја заштитува кожата од изгореници. Бета-каротенот може да го најдете и во спанаќ и брокула.
- Витамините Ц и Е во комбинација со бета-каротен се најдобра заштита на кожата од брчки и останати знаци за прекумерно изложување на сонце. Добар извор на овие витамини се агрумите, зрнестото овошје, пиперки, киви, авокадо и друго. Маслиновото масло е исто така богато витамин Е, па оттаму е одличен избор за салатите во текот на летото.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!