Top
Horoskop-24122014-iLike-mk

Што ви носи животот во подоцнежните години според хороскопскиот знак

Овен
Припадниците на знакот Овен ниту во староста нема да се откажат од спортските активности. Ако во случај на болест или повреда се спречени да вежбаат или да трчаат, ќе станат вистински “гњаватори“. Ќе се обидат да го задржат ритамот на дневните обврски исто како и кога биле млади.

Бик
Во староста ќе биде преокупиран со материјалното богатство. Доколку се случи да остане без пари, Бикот во потполност ќе биде незадоволен од животот и нема да се радува на ништо што се случува околу него.

Близнаци
Близнаците се друштвени по природа и такви ќе бидат и кога ќе остарат. Ако покрај себе имаат животен партнер со ист сензибилитет, никогаш нема да им биде досадно. Заеднички ќе патуваат, ќе одат на прошетки и ќе се надополнуваат еден со друг. Ако останат сами, нема да имаат проблем да запознаат ново друштво кое одлично ќе се вклопи во нивната животна идеологија.

Рак
Овој хороскопски знак важи за исклучително чувствителен, а таков ќе биде и кога ќе остари. Доколку имаат семејства, во староста ќе поминуваат многу време со своите внуци и деца. Во случај да останат сами, ќе преживеат тажна старост полна со меланхолија.

Лав
Своите приказни од младоста ќе ги раскажуваат на сите околу нив. Ако навистина имаат постигнато нешто во животот, ќе бидат горди на себе. Никогаш нема да си дозволат годините и староста да им го потиснат младиот дух. Напротив, тој вечно ќе живее во нив.

Девица
Девиците ќе се занимаваат со дневни ритуали и ќе уживаат во ситници. Доколку имале среќен брак и живот, во староста ќе блескаат и ќе ја доживеат својата втора младост. Девиците сакаат да имаат домашни аптеки, во кои во секое време ќе имаат лекови за психички и физички тегоби.

Терезија
Терезиите својот идеал го гледаат во брачниот живот. Најлошо ќе им биде доколку во староста останат без партнер, па затоа ќе се трудат да го пронајдат својот животен сопатник уште во младоста. Љубовта и искреноста се она што ги води низ животот.

Скорпија
Ако во младоста ги победат сите важни животни борби и ги остварат своите цели, Скорпиите во староста ќе се сеќаваат на секоја битка и ќе се посветат на решавање на проблемите со кои немале можност да се соочат порано. Годините никогаш нема да ги победат.

Стрелец
Во староста овој хороскопски знак ќе сака да мудрува и да раскажува за младоста. Постои можност и да се повлечат во себе, но нивниот ведар темперамент ќе успее да ја надвладее осаменоста и меланхолијата.

Јарец
Тие се како виното – колку постари, толку подобри. Овој знак ќе дише со полни гради и тогаш кога брчките веќе ги има на лицето, а можно е да се препуштат и на голем број задоволства кои во младоста немале можност да ги искусат.

Водолија
Водолиите се водат според логиката дека никогаш не е доцна. За нив годините се само бројка која нема никакво значење. За нив не постои класична старост, бидејќи тие никогаш нема да се чувствуваат стари или барем никогаш нема да го признаат тоа. Во друштво на Водолија никогаш нема да ви биде досадно, бидејќи секој ден со нив ќе откривате нешто ново.

Риби
Овој хороскопски знак во староста ќе сака само да лежи и да одмора. Ќе ужива во времето поминато со внуците. Активноста и прошетките се нивната слаба страна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>