Новите телефони од „Huawei“ имаат камерата на чии перформанси можат да им позавидат и дел од професионалните камери. Двата нови Android телефони доаѓаат со 13МР камера, но тоа што ги прави одлични за фотографирање и снимање на видео се новите сензорите од Sony и oптичка стабилизацијата на слика.
Станува збор за премиум телефони што значи и дека и цената ќе биде повисока од останатите телефони од производителот. Првата стандардна верзија на телефонот доаѓа со 5,2 инчен екран, а „P8 Мax“ ќе доаѓа со огромен 6,8 инчен дисплеј. Стабилизацијата на слика која ја нуди уредот е најдобра во својата класа велат од „Huawei“, што ќе понуди поквалитетни слики при ноќно сликање, бидејќи овозможува блендата подолго да биде отворена, без сликите да се заматат поради поместување на камерата.
Иако „Huawei“ стана препознатлив на пазарот по добри, но и евтини телефони, сепак се чини дека желбата на кинескиот производител е да се вмеша во трката за премиум уреди, која моментално ја водат само „Apple“ и „Samsung“.
Извор: IT.com.mk
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!