Top
Бразил - Шпанија

„Иритирачка“ доминација на Бразил – финале од куп на конфедерации

Вистинските фанови на фудбалот ќе се согласат, вчерашниот натпревар од финалето на купот на конфедерации требаше да биде мелем за душа и за очи. Требаше да претставува натпревар кој ќе нè воведе во долгоочекуваното светско првенство идната година, кое љубителите на фудбалот го очекуваат со страст и огромно нетрпение.

Не дека тоа и не беше, но на натпреварот меѓу две фудбалски земји како што се Бразил и Шпанија, недостасуваше само едно нешто: разиграност на двете страни. Најверојатно сите очекувавме неизвесност до последните моменти од натпреварот, но тоа поради некои причини не го добивме.

Можеби Бразил станал многу моќен од последното светско првенство во 2010-тата година кое се одржа во Африка, сега со нов селектор и нови идеи, а можеби и на Шпанија и се доделуваа големи епитети без некои определени причини, базирани на познатата игра – тики така. Со оглед на нивната игра, Шпанија имаше доста среќа на последното светско првенство, а ако се броеа пасовите и поседот на топка кои се најмалку битни во одредени ситуации, бидејќи во поголем број на случаите не го определуваат победникот во играта, тогаш, да, Шпанија би се носела со називот „светски првак“.

Но, вчера бевме сведоци на дебакл и што е уште побитно: неприкосновено надигрување. И ако Шпанија навистина беше толку добра колку и нејзините назначени епитети, тогаш немаше да има невидлива игра, или ќе изгубеше со помала разлика, односно со поголема борба.

Сепак тоа беше еден извонреден натпревар, во кој Бразил доминираше во сите аспекти. Фред два пати се запиша во листата на стрелците, а Нејмар еднаш за конечен резултат од 3:0.

Моралот на приказната е помалку комичен. Воопшто кој селектор му дозволува на дефанзивен играч да изведе пенал на негатива од 3:0? Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске беше тотално изгубен. Во фудбалот секогаш има поголеми демагогии од, за некои, само убавите фаци кои ја играат својата игра.

Автор: Наташа Петровиќ


Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>