Тимот на шпанското архитектонско студио „Marquespacio“ концепирал навистина шармантен ентериер за едно приватно училиште кое се наоѓа во Валенсија, Шпанија.
Училиштето се протега на 183 метри квадратни, а архитектите решиле да си поиграат со мебел изработен од светло дрво, пастелни бои, како и детали во неколку внимателно избрани јаки бои кои ја обезбедуваат потребната живост на просторот.
Ентериерот е светол и ведар, одлично осветлен, а парчињата мебел модерни. Интересните слики, формите од гипс на столбовите и цвеќињата му даваат дополнителен шарм на училиштето.
Покрај ентериерот, „Marquespacio“ го концепирале и идентитетот на „2Day Languages“.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!