Top

Одржан првиот интернационален паркур фестивал во Санторини

На преубавиот грчки остров Санторини, од 1-ви до 3-ти септември, беше одржан првиот паркур фестивал од интернационален карактер. На овој паркур собир учество земаа 18 трасери и трасерки. Режисерот Stéphane Benini и неговата екипа будно го следеле секое движење на атлетичарите и снимиле видео-материјали од кои произлегло ова одлично видео. Настанот е под покровителство на Red Bull.

Што е паркур?
Паркур (француски: parkour) или уметност на преместување е активност чијашто цел е движење од една до друга точка колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги способностите на човековото тело. Има за цел да му помогне на поединецот да ги надмине пречките од неговата околина, како на пример гранки, шини или бетонски столбови. За оние кои вежбаат паркур се користи терминот „трасери“, или „трасерки“ доколку се работи за припаднички на понежниот пол.

Паркурот е основан од Давид Беле и група другари од Франција и се смета за одличен тренинг на телото и умот.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>