Top
Devojka_vezhba_iLike_mk

Физичката активност е најдобар лек

Постојат многу причини за лошото здравје кај човекот. Но, четири од нив се најчести: лоша исхрана, пушење, недостаток на физичка активност и внесување на алкохолни средства. Од наведените причини, на физичката неактивност најмалку ѝ се обратува внимание.

Новата студија од Велика Британија, укажува на важноста на физичката активност за здравјето на човекот, како и за советите и препораките за вежби. Во студијата се наведува колку е непозната улогата на физичката неактивност. Лекарите ја нарекуваат и чудотворен лек, бидејќи го намалува ризикот од многу болести, и тоа од 20% до неверојатни 50%.

Се препорачува вежбање од минимум 30 минути 5 пати неделно.

Добри страни на физичките активности:

- 40% помал ризик од срцеви заболувања,
– 50% помал ризик од висок крвен притисок,
– 50% помал ризик од дијабетес од типот 2,
– 30% намален ризик од дименција,
– 25% помал ризик од ракот на дојката,
– 45% помал ризик од рак на цревата.

Лекарите треба да имаат главна улога во уверувањето и советувањето на пациентите за значењето и зголемувањето и на мининимални физички активности, укажувајќи им на едноставни вежби, како што се: брзо одење, возење точак, качување по скали, танцување и водење љубов.

Заклучок на британските лекари е дека не постои ограничување на физичките активности. Се нагласува дека не треба да се прават вежби само за одредена потреба или болест, туку тие се општо добро за здравјето на секој човек.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>