Top
Redovnata-fizichka-aktivnost-go-prodolzhuva-zhivotniot-vek-iLike-mk

Редовната физичка активност го продолжува животниот век

Спортувањето не е толку тешко колку што изгледа, а научно е докажано дека 30 минути физичка активност дневно се доволни за да бидете здрави и во форма. Доколку не сте уверени во придобивките од вежбањето, прочитајте што се случува во секоја етапа од физичката активност.

- За време на вежбањето се забрзува метаболизмот, се подобрува вискозноста на крвта, се зголемува протокот на кислород од 8 на 100 мерни единици во минута, а засилениот доток на крв им овозможува на клетките да примат повеќе кислород и хранливи материи од крвта.

- Веднаш по вежбањето вашето тело почнува да ги троши протеините и јаглените хидрати четири пати побрзо, па слабеете побрзо, а мозокот почнува да лачи ендорфин (хормон на доброто расположение).

- Неколку часа по вежбањето имате поголема самодоверба, крвниот притисок се нормализира, почнувате да имате подобар сон.

- По неколку недели редовен тренинг – ви се зголемува капацитетот на белите дробови, а срцето и крвните садови работат подобро, станувате поцврсти, ви се зголемува нивото на хемоглобин во крвта: бројот на црвени крвни зрнца во кубен милиметар крв се зголемува од 5 на 6 милиони, имате подобар имун систем, нивото на лимфоцити во крвта се зголемува, телото полесно ги регулира нивоата на шеќер и други супстанции, и се складираат помалку масти.

- По неколку месеци редовно вежбање станувате помалку склони на стрес, депресија и промени во расположението. Се зголемува преносот на кислород до вашите мускули, имате подобра координација на движења и посилен нервен систем. Се зголемува брзината на пренос на нервниот импулс и мозочната активност, па побрзо донесуваме одлуки. Мускулокоскениот систем на телото се засилува, мускулите ви стануваат поголеми, а коските погусти.

- Со неколку години редовно вежбање го продолжувате животниот век и останувате млади подолго време.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>