Сигурно и вие постојано слушате и читате дека за да изгубите некој килограм мора да вежбате. Ако почнувате да го правите тоа, одите секој ден, но резултати нема, сигурно правите некоја од следните грешки.
-
Јадете погрешна храна
Многу луѓе обрнуваат внимание на тоа како ќе ги потрошат калориите, но не и каква храна внесуваат во организмот. Исклучително е важно исхраната да се состои од здрави и свежи производи. Оние денови кога не вежбате внесувајте повеќе зеленчук, избегнувајте преработена храна, шеќер и леб. -
Правите премногу кардио вежби
Кардио вежбите се неопходни, бидејќи тие го забрзуваат метаболизмот. од друга страна, премногу кардио вежби како последица ги навикнуваат мускулите на издржливост, а со тоа го забавуваат губењето килограми. Освен тоа, кардио вежбите може да предизвикаат глад, со што ризикувате да земете нешто непотребно за грицкање. -
Не кревате тегови
Речиси сите се плашат дека со кревањето тегови ќе ги зголемат мускулите, но тоа не е така. Без тегови, потешко ќе ослабете, бидејќи колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорите. -
Воопшто не се одморате
Без разлика колку сте мотивирани да ослабете, секојдневниот тренинг нема да ви биде од голема помош. За да имаат ефект вежбите, неопходно е на мускулите да им дадете време да одморат. Направете си распоред: еден ден интензивен тренинг, еден ден кардио вежби, еден ден одмор. -
Премногу вежбате
Премногу време поминато во теретана не значи и фит тело. Доколку не сте професионален спортист не треба да вежбате повеќе од еден час дневно. Правило до кое треба да се придржувате е: Колку е појак тренингот, толку пократко треба да биде времето поминато во теретана.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!