Лејди Гага, во екот на нејзината светска турнеја како и гласините за свадбата со Тејлор Кини, се почасти со нова куќа која се наоѓа во Малибу. Ексцентричната пејачка за оваа недвижнина одвои 22,5 милиони американски долари.
Целиот објект е инспириран од традиционалните француски куќи. Куќата вклучува 5 спални соби со одделни бањи, винарска визба, просторија за куглање, теретана, мини-домашно кино, големи тераси, како и огромна соба за дневен престој.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!