Top
Zhenata-zhrtva-na-semejnoto-nasilstvo-iLike-mk

Спорниот фустан од вирален хит преточен во моќна порака

Минатата седмица помина во знакот на фамозниот фустан. Некои од нас го гледаа како бел со златна тантела, а други пак, го перцепираа како син со црно. Науката имаше свое објаснување за овој феномен, кој успеа да ја збуни и подели јавноста.

Но, некои веднаш се сетија да го искористат спорниот фустан во маркетинг цели преку кои ќе пренесат моќна порака. Пораката е кристално јасна „Зошто е толку тешко да ги видите црното и синото?“, мислејќи на модринките по телото на жената која е жртва на семејно насилство.

Човекот задолжен за односи со јавност од канцеларијата на Британската армија изјави:

Живееме во свет во кој жените се деморализирани и злоупотребени. Во Јужна Африка секоја шеста жена е жртва на семејно насилство, а во Британија секоја четврта припадничка на понежниот пол. Ситуацијата е слична и во остатокот од светот.

Ние само би додале: Бидете свесни за овој вид на криминал и доколку сте сведок на ваква ситуација, веднаш пријавете ја!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>